Меџити: Децентрализацијата за Албанците во РМ е важна, оти преку засилените општини ќе ги остваруваат правата без да ѝ обраќаат на владата

Во понеделник, на 18 ноември 2024 година Владата на Косово и Владата на * Македонија ќе одржат заедничка седница. Во врска со ова и за другите случувања во * Македонија зборуваше вицепремиерот Изет Меџити во интервју за Радио и Телевизија Косово. Тој кажа дека прва точка на заедничката седница ќе биде регулирањето на системот на граничните премини Блаце и Јажинце, кои се, според него се многу важни точки за движење на граѓаните во Косово и * Македонија.“ – пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.



Натаму агенцијата пренесува: Меџити изјави дека втората точка на разговорите на седницата ќе биде соработката во енергетиката, заради меѓусебно помагање во случаите кога ќе се укаже потреба. Според него, третата точка на дневниот ред на заедничката седница на владите на Косово и * Македонија се однесува на патот Тетово-Призрен. „Наскоро ќе биде отворен тендерот за тунелот, кој е за 6,2 километри малку подолг од тунелот Калимаш во Албанија и ќе биде најдолг во регионот. Покрај овие три точки, ќе има и други точки, кои се од интерес на Косово и * Македонија и граѓаните.“ – додаде вицепремиерот Изет Меџити.

Што се однесува до 100-те дена на македонската влада, Меџити изјави дека таа согласно со програмите и ветувањата ги спроведува проектите, кои се од корист на Албанците. „Жестока борба се води против бизнисот со казината, со цел да се намали видно, бидејќи е штетен за граѓаните и државата. Водиме бескомпромисна борба и против корупцијата, што се случи во минатото, но последниот збор ѝ го оставаме на правдата.“ – изјави Меџити.

Натаму тој посочи дека е донесена владина одлука за 35 милиони евра за изградба на универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“ и оти во вторник, 19 ноември 2024 година ќе се донесе одлука и за заокружување на плоштадот „Скендербег“ во „Старата чаршија“ во Скопје со вредност од 20 милиони евра.

„Во овие 100 дена во средиштето на вниманието јасно беше ставено засилувањето на децентрализацијата, која е столб на Охридскиот договор. Владата отвори постапка во оваа половина година да се издвојат 100 милиони евра за општински проекти, поврзани со инфраструктурата и кревањето на животниот стандард . Се вршат подготовки за други 250 милиони евра од јануари до март. Во рок од шест месеци сумата за реализација на проектите ќе достигне половина милијарда евра, од кои голем дел оди за општините, а 30 отсто од оваа сума оди за албанските општини и населени места.“ – нагласи Меџити.

Според него, децентрализацијата за Албанците во Македонија е двојно поважна, бидејќи идејата на Охридскиот договор била преку засилување на општините Албанците да можат да остварат најголем дел од своите права без да биде потребно да се обраќаат директно до владата. Меџити пројави задоволство поради движењата на Албанија кон Европската унија, искажувајќи и надеж дека Македонија наскоро ќе ѝ се придружи. Вицепремиерот Изет Меџити укажа дека ова подзастанување на Македонија е последица на лошото владеење во изминатите осум години, нагласувајќи дека останува како приоритет патот кон Европската Унија.

„Највисок приоритет е албанскиот јазик и ќе се вложат напори за негова заштита и за унапредување на неговата официјална употреба. Се работи да има и посебен закон за соодветна застапеност на Албанците во администрацијата. Владата одвои пари за одбележување на Ноемвриските празници, за празникот 22 Ноември, кој државен и е поврзан со албанскиот јазик.“ – додаде Меџити.