Коалицијата WLEN по денешната средба ги соопшти своите ставови за позиционирањето на претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари за учество на локалните избори
Еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџи, по завршувањето на денешната средба на Коалицијата на која не беше поканет лидерот на Алијанса за Албанците, изјави дека и претходно забележале дека Арбен Таравари соработува со ДУИ.
Тие преговори имаа за цел да го дестабилизираат ВРЕДИи да ја спасат ДУИ, која е клинички мртва.
Меџити рече дека вчерашната одлука на Таравари нема поддршка ни од сопствените членови.
Одлуката да се кандидира со посебни листи не била дел од ВРЕДИ и дека тоа оди во прилог на ДУИ и имало тенденција за поделба.
ВРЕДИ не го исклучила од коалицијата Таравари, туку тој, според Меџити, се самоисклучил.
Вели дека оваа постапка на Таравари значи и проблем во Владата, но засега нема одговор дали ќе бараат негово разрешување од министерската функција во здравство.
ВРЕДИ одлучи да се натпреварува обединето на локалните избори со заеднички листи за советници и заеднички кандидат за општини“, изјави Изет Меџити.






