Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествувал на собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВРЕДИ на кој наговестил дека Албанцуите во дијаспората ќе ја казнат ДУИ.
„Убавата вест ќе биде на 8 мај со нашата победа. Дијаспората многу добро знае да ги казнува оние кои го мразат Косово и премиерот Аљбин Курти.
Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од оваа дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која му се спротиставува на Косово и кокетира со српскиот претседател Александар Вучиќ”, рече Меџити.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување, како четврти столб на ВРЕДИ, пренесе МКД.Мк





