Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница денеска објави дека е распишана меѓународна потерница за пет лица осомничени за учество во настаните и упадот во Собранието на 27 април



Со меѓународна потерница на Интерпол се бараат Никола Митревски–Кољо, Александар Василевски–Нинџа, Младен Додески, Деан Давидовски и Митре Питроповски за дело дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните од 27 април во Собранието.

Судот, на паттемина кои досега се бараа со домашна потерница, во нивно отсуство им изрече мерка притвор и веднаш по апсењето ќе бидат спроведени во Истражниот затвор во Шуто Оризари.