„Не сум сигурен дека Доналд Трамп ќе биде многу во корист на Албанците. Тој самиот предупреди дека нема да има толеранција во внатрешната и надворешната политика. Во оваа сегашна клима тоа може да биде администрација во корист на Мицкоски, Вучиќ, Курти, или на други.“ – изјави политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети во емисијата „Клан Дебата“ на ТВ Клан Македонија, во која се разговараше за изборот на Доналд Трамп како нов 47 претседател на Соединетите Американски Држави.





