Мехметај: Како Европеец Таравари игра со европска стратегија, но кога се „продава“ како албански националист игра со стратегијата на Ветвендосје!

„Претседателскиот кандидат Арбен Таравари игра со две стратегии: еднаш е Европеец, со европска стратегија, кому не му е важно дали е Албанец, или Македонец, но кога се ‘продава’ како албански националист ја користи стратегијата на Ветвендосје (Самоопределување)!“нагласи Лирим Мехметај, главен и одговорен уредник на регионалниот баалкански информативен портал на албански јазик „Албанијан пост“, во дебатната емисија „Дебата плус“ на ТВ Клан Македонија.



ТВ Клан Македонија пишува: Во емисијата „Дeбата плус“ аналитичарите расправаа во врска со првата претседателска дебата меѓу двајцата албански кандидати во овој изборен натпревар – Бујар Османи од ДУИ и Арбен Таравари од албанската опозиција. Аналитичарот Лирим Мехметај рече дека Таравари како личност е Европеец, но еднаш игра со европска стратегија, а еднаш игра и со националистичката стратегија на Ветвендосје (Самоопределување).

Таравари е противречен во своите аргументи. Кога така му одговара, тој е граѓанин на * Македонија, за кого не е важно дали е Албанец, или Македонец, бидејќи е европска личност. Но ја користи и стратегијата на Ветвендосје (Самоопределување) кога се ‘продава’ како националист. Сега, кога заборава да биде албански националист, овој европски граѓанин се појавува како космополит (граѓанин на светот). Еднаш вели дека тој раководи со општина Гостивар со Албанци и Македонци, но потоа се нарекува себеси и како единствен албански кандидат… Затоа, создава сложена ситуација, паѓа в очи дека нему му недостига платформа.“ – изјави Мехметај во споменатата дебатна емисија.