Мефаили: Да каже „тресе будалаштини“ за Трамп, избран со 80 милиони гласови, значи има голема мака – САД им ја запре чешмата!

„Кога тече чешмата на Америка, тогаш таа ни е пријател, а кога ќе престане чешмата од таму, тогаш нејзиниот претседател зборува ‘будалаштини, рекетар е и недоволно образован’“ и др. и др. и др. Да зборуваш на овој начин за претседателот на САД Доналд Трамп, кој е избран со околу 80 милиони гласови на американскиот народ, од најголемата демократија во светот, значи дека навистина мора да имаш голема мака во себе!“ – реагираше новинарот од Скопје Мефаил Исмаили во објавата на својот фејсбук, која ја пренесоа одделни медиуми на албански јазик во Македонија под наслов „Кога ќе им се запре чешмата на Америка, тогаш почнуваат да зборуваат против неа!“.

Исмаили натаму истакнува: Зошто не зборувавме вака за претседателот кога САД фрлаа стотици милиони евра за развој на демократијата во нашите институции и невладини организации, но кога ЕФЕКТИТЕ БЕА НУЛА?!

Зошто досега не е кажано ништо лошо за ниту еден претседател на Америка, која силно нѐ поддржува, која нѐ штитела од секоја глобална закана и која инвестирала во сѐ, за да станеме луѓе, а ние ја злоупотребивме нејзината поддршка? И наместо да станеме демократско и европско општество со вредности, ние развивме само противвредности, ги зголемивме криминалот и корупцијата, па дури и изневеривме сѐ, што е наше!

Има уште многу да се каже за она што САД го направија за нас, а сепак ние ја изневеривме! Е, па, не ни е виновен претседателот на САД кога нејзината чешма ја злоупотребивме за лични интереси, а не за општествени и национални интереси!