Металург одигра нерешено кај Нексе на гости во Нашице 31-31 и треба да жали што не успеа со победа да ја затвори полусезоната во регионалниот натпревар. Сините можеби не беа подобри од хрватскиот тим што најдобро го опишува движењето на резултатот. 8-8 во 15-тата, 16-15 во 30-тата, па 24-25 во 45-тата минута. Но токму од тој периодот Металург се одлепи на 2 и 3 разлика, но победата побегна затоа што по 31-28 нашиот тим не даде гол во завршните шест минути, а прими 3 за првото реми во 12 коло. Со него составот од Автокоманда за кој Јагањац даде 9, а Пешевски 5 гола остана седми со 13 бода. Инаку во СЕХА денеска играа и Динамо и Горење, а победија гостите со 29-27 по што за оваа година останува уште мечот меѓу Горење и Брест.