Металург одигра сам против себе во Борис Трајковски и убедливо најлошо сезонава, па поразот од Чеховски Медведи од 29-26 беше неминовен. Штета затоа што сините беа во серија од три средби без да загубат, патем и таа кај Русите пред 20 дена. Впрочем за Чеховски ова беше прва победа сезонава до која дојде со најава уште во првите минути кога направи 3 односно 4 разлика, кои потоа не ги пропушти. На полувреме беше 17-12, а најблизу до нерешено Металург беше во финишот и премногу доцна (23-26).
Најдобри кај Металург Томовски со 11 одбрани и Анџелиќ со пет гола, а кај гостите, но и во мечот гостинскиот голман Павленко 15 одбрани и стрелецот Санталов со седум гола.
Металург по 6 кола во групата Д во ракометната ЛШ има 5 бода.