Македонскиот ракометен дуел во СЕХА лигата му припадна на Европскиот првак со 31-24 што е во рамките на очекувањата, како што и беше нормално, гостинот од Автокоманда по истиот рецепт од целата досегашна сезона да одигра едно добро и едно лошо полувреме. По 30 минути игра од средбата од 10 коло во регионаланта лига во Јане Сандански, Металург водеше со 14-12 што му доде одличен тон на градскиот дуел кој, пак, заради евидентната разлика во квалитет му припадна на Вардар кој ги доби вторите и решавачки 30 минути со огромни 19-10.
Клучен за конечниот исход беше периодот меѓу 40 и 50 минута кога од нерешените 17-17 црвено црните направија 25-18 што потоа беше тешко за стасување од сините. Овој пораз е помал од првиот сезонски во истотот натпреварување (32-23) и не ги поместува нашаите претставници од нивните претходни позиции. Вардар е прв со сите 30 бодови, а Металург е седми со три победи и 9 бодови.
Најдобри поединци во мечот пред солиден број гледачи, околу 2000, беа Дибиров со десет гола, Борозан со седум и Шишкарев со пет погодоци кај Вардар и Гуглета со пет, и Пешевски и Јагањац со по четири гола во Металург.




