Лионел Меси ја презеде одговорноста, даде три гола на гостувањето кај Еквадор во триумфот на Аргентина од 3-1 со што ја смести својата селекција на третото место во Јужно американските квалификации и и обезбеди учество на Светското фудбалско првенство. Гаучосите со тоа им се приклучија на Бразил кој славеше со Чиле со 3-0, на Уругвај кој беше подобар од Боливија со 4-2 и на Колумбија која одигра 1-1 кај Перу, по што домашната перуанска остана петта и ќе мора да оди во интерконфедерацискиот плеј оф двобој во кој ја очекува репрезенатцијата на Нов Зеланд. Најголем губитник во драмата од последното коло е актуелниот победник на Копа Америка, Чиле.
https://youtu.be/mKwObgJCPhQ