Меркел не состави влада, дали и мигрантите се причина?

Разговорите за формирање на коалициска влада во Германија, пропаднаа, оставајќи ја Ангела Меркел да се соочи со својот најголем предизвик по 12 години како канцелар.



Либералната ФДП се повлече по четиринеделните разговори со блокот ЦДУ / ЦСУ на Меркел и „Зелените“

Лидерот на ФДП, Кристијан Линднер, рече дека меѓу нив нема „основа за доверба“, пренесе Би-Би-Си.

Што ќе се случува следно е нејасно, но извесно е дека Меркел ќе треба да се состане со претседателот Франк-Волтер Штајнмаер, кој има може да распише нови перламентарни избори.

Блокот на Меркел, победи на изборите во септември, но многу гласачи ги напуштија главните партии.

Но, една од најголемите сопки во преговорите за формирање влада било прашањето за мигрантите, односно дали на сириските бегалци треба да им биде дозволено да ги донесат членовите на семејствата да им се придружат во Германија.

Конзервативците на  Меркел, свесни за изборниот успех на анти-исламската, анти-имигрантска АФД партија, се претпазливи и сакаат да го продолжат мораториумот да им дозволат на мигрантите да се обединат со своите семејства.

По освојувањето на првите парламентарни места, нешто невидено од Втората светска војна, ултрадесничарите од АФД (Алтернатива за Германија) ветијас дека ќе се борат против „инвазијата на странци“.