Грчкото министерство за надворешни работи и владата во Атина сеуште не даваат најава за средбата со медијаторот Нимиц кој по средбите во Скопје требаше да замине во Грција на средби со премиерот Ципрас и министерот Коѕиас.
Откако во Скопје беше примен од претседателот Иванов кој му порача дека Македонија согласно рамката во ОН и пресудата на меѓународнито суд во Хаг, може да разговара само за името а не за именувањето на јазикот и нацијата, медијаторот доби порака за одложување на средбите за кои се уште нема нов термин.
Официјално причината за одложувањето на посетата на Нимиц на Атина е учеството на министерот Коѕиас на преговорите за иднината на Кипар во Кран Монтана но според информациите од Атина, Грција не е подготвена да разговара се додека Македонија не се согласи на драстични одстапки во битката за зачувувањето на идентитетот.
За грчките власти и партијата СИРИЗА влегување во суштински преговори со Македонија би значело губење на уште некоку рејтинг поени пред опозициската Неа Демократија која и без името е убедливо најпопуларна партија во Грција со предност од околу 16 %.
Засега нема информации од Обединетите нации дали нивниот специјален претставник кој има 78 години и покрај навредливото однесување на грчките власти ќе остане во регионот да чека нов термин од Атина или веќе си заминал дома.






