Медицинскиот директор на Токсикологија бил незаконски разрешен од Демири

Министерот за здравство Илир Демири незаконски го разрешил медицинскиот директор на Клиниката за Токсикологија, доктор Данил Петровски, оцени денеска Антикорупциска и притоа ќе поднесе иницијатива за одговорност пред надлежните институции.

Според ДКСК,незаконски било и склучувањето на договори на дело со 18 лица на клиниката на кои им престанал работниот однос, бидејќи истите не биле потпишани од двајцата директори како што налага законот.



Извор : https://telma.com.mk/2024/06/10/demiri-nezakonski-go-razreshil-mediczinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-danil-petrovski-oczenija-antikorupczionerite/