Медиумите молчат, ЕБРД ја турка Македонија во нова Југославија

Шест западно – балкански држави се подготвени да формираат регионална економска зона со цел да се елиминираат меѓусебните тарифи и да го хармонизираат законодавството со цел да привлечат повеќе инвестиции.



Ова се најавува од страна на Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) која во име на Брисел ќе ги координира активностите поврзани со проектот кој за многумина наликува на обнова на некогашниот југословенски заеднички пазар.

Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора кои што се надеваат да влезат во ЕУ, проектот ќе го започнат наредната недела во италијанскиот град Трст на средба со претставници на ЕУ и меѓународни финансиски институции, најави потпретседателот на ЕБРД Пјер Хејлброн.

Целта на проектот е да формира заеднички пазар од 20 милиони луѓе во кој ЕБРД досега инвестирала над 10 милијарди евра а во кој ќе нема царини и други трговски маржи за стоки од соседните земји.

Елиминацијата на тарифите ќе биде прва фаза од иницијативата на ЕБРД која што треба да ги приближи земјите кои што се веќе разочарани од заморот од проширување во ЕУ и зголеменото влијание на Русија.

„Да имаме што е можно помала политичко мешање, да се биде прагматичен и практичен колку што е можно во ситуација кога ви е потребна поддршка од владите, а потребно е и присуство на ЕУ. Инвеститорите кои ги среќаваме секој ден бараат добар избор за нивните пари, тие бараат во Азија а во Западниот Балкан гледааат мали земји си различни правила“, вели Хејлброн на прашањето што е потребно за да профункционира проектот кој  подсетува на регионот од пред 30 години.

Сепак не се сите земји во регионот сигурни за идејата. Косово се плаши дека повторно ќе биде дел од унија доминирана од Србија а дел од земјите дека оваа заедница може да биде замена на ЕУ.

Разговорите за некаква нова унија на Балканот може да донесат политичка штета за политичките елити затоа што граѓаните со години сметаат дека единствена цел за земјите е ЕУ а не некаква нова Југославија.

Ниту еден од влијателните македонски медиуми кои што имаат редакции и новинари коишто ја следат работата на Европската банка за обнова и развој не ја објави информацијата за проектот кој беше промовиран во средата.

Само еден ден пред проектот да биде објавен во јавност премиерот Заев во Скопје имал средба со раководството на ЕБРД на која што според официјалнот соопштение не се споменала  идејата за западно – балканска унија.