Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, реагира на гласањето во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со кое се одобрува пакетот безбедносна помош од 95 милијарди долари, од кои 60,8 милијарди одат за Украина, 26 Израел и останатите за Тајван и Индо-пацификот и вели дека тоа било очекувано
„Тоа се заснова на русофобија. Ние, секако, ќе бидеме победници без разлика на крвавите 61 милијарда долари, кои најмногу ќе ги проголта нивниот ненаситен воено-индустриски комплекс“, напиша Медведев на Телеграм.
Сенатот треба да гласа за пакетот следната недела, а потоа да го испрати до претседателот Џо Бајден за потпис.






