Патот на Украина кон НАТО може да заврши со исчезнување на таа земја или на алијансата, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Во објавата на платформата Х тој цитира одредба од декларацијата од самитот на НАТО во Вашингтон, во која се наведува дека алијансата е посветена на поддршката на Украина на нејзиниот пат кон целосна евроатланска интеграција, што вклучува и членство во НАТО.
„Заклучокот е очигледен. Мораме да сториме сè за неповратниот пат на Украина кон НАТО да заврши или со исчезнување на Украина или со исчезнување на НАТО, или уште подобро, со двете“, напиша Медведев.





