Португалските фудбалски гиганти Бенфика, Спортинг Лисабон и Порто се под обемна истрага по сомневањето дека вршеле притисок во определувањето на судии, соопштија медиумите во земјата Европски првак. Прва цел на Обвинителството бил шампионот Бенфика, а подоцна во скандалот се вметнати и другите два водечки локални клубот.
Властите ја испитуваат сомнителната коресподенција на вработените во трите тимови со судиите. Ако обвиненијата за корупција бидат докажани, клубовите можат да бидат казнети со одземање на бодови, но и со лишување од учество во првенството и купот во период од три години.
“Никој од Бенфика не извршил нешто нелегално. Активностите против тимот можам да ги споредам со грубо нарушување на приватноста на вработените на клубот. Од она што го знам и сум го чул од раководните луѓе во Бенфика, можам да гарантирам дека нема никакви контакти со судии или официјални лица. Нема корупција или трговија со влијание, сигурно”, рече адвокатот на Бенфика, Жоао Кореја.




