Холивудската актерка Меган Марке (36) првпат јавно зборуваше за врската со принцот Хари (32).



„Заедно бевме повеќе од пола година пред медиумите да дознаат. Се сакаме и многу сме среќни “, вели Меган.

Тие се заедно од мај 2016 година и се верија во август на патување во Африка. Хари  на актерката, наводно и дал зулу нараквица наместо прстенот.
„Мојот живот сѐ уште се одвива нормално, снимам филмови. Јас не се сменив, ниту ќе го сменам мојот живот поради маж”, вели актерката.

Гласините за свадба на двојката се се погласни, а британската кралица Елизабета II (91) сигурно нема да биде присутна, бидејќи принцот Хари се жени со распуштеница. Меган Maркл во 2013. година се разведе од продуцентот Тревор Енгелсон по две години брак.