Маџунков: Костадинов во Струмица купува 10 комбиња – кој ќе „лапне“ 2,5 милиони евра провизија?!

„Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов со нов ПРОФИТЕРСКО – ПРОВИЗИСКИ проект пред избори! Објавена е набавка за електрични комбиња (капацитет 22 седишта) во Струмица по единечна цена од 700 илјади евра, односно се трошат 7 МИЛИОНИ евра за набавка на 10 комбиња! Кој ќе ја земе провизијата од 250 илјади евра за едно комбе, или 2.5 милиони евра?! Дали Костадинов пред избори прави профит- бизнис зделка за 2.5 милиони евра провизија?!“  – со ова жестоко обвинение се огласи д-р Никола Маџунков, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на општина Струмица, кое го упати на адреса на градоначалникот Костадинов. Пишувањето на Маџунков го објави информативниот портал „Струмица.денес“ под наслов „Д-р Никола Маџунков: Костадинов со нов ПРОФИТЕРСКО-ПРОВИЗИСКИ проект пред избори Дали електричните комбиња се изговор за 2,5 милиони евра провизија?“



„Струмица.денес.“ го пренесува пишувањето на д-р Никола Маџунков: Костадинов со нов ПРОФИТЕРСКО – ПРОВИЗИСКИ проект пред избори! Објавена е набавка за електрични комбиња ( капацитет 22 седишта) во Струмица по единечна цена од 700 илјади евра, односно се трошат 7 МИЛИОНИ евра за набавка на 10 комбиња ( 429,9 милиони денари)! За споредба: Општина Штип минатата година потроши 50 милиони денари за 6 автобуси со капацитет од двојно повеќе патници. Според анализи на пазарот. цена на електричен автобус, а  НЕ на електрично комбе, чини 150 илјади до 200 илјади евра повеќе од автобус на метан!

Цена на еколошки автобус на метан е околу 250 илјади евра. Според секоја проценка, електричен автобус, НЕ КОМБЕ, треба да чини околу 450 илјади евра. Во Струмица Костадинов ги набавува за 700 илјади евра!!

Кој ќе ја земе провизијата од 250 илјади евра за едно комбе, или 2,5 милиона евра?! Дали Костадинов пред избори прави профит-бизнис зделка за 2,5 милиона евра?! Дали Костадинов ја сака од срце Струмица за 2,5 милиони евра?!