Двегодишно девојче и нејзината 37-годишна мајка починале во болница од повредите по терористичкиот напад во Минхен пред три дена.
Најмалку 39 лица беа повредени кога 24-годишен Авганистанец влетал со својот автомобил на синдикални демонстрации во четвртокот, соопшти полицијата.
Истрагата во моментов се води како терористички напад со исламистички мотив.
Габриеле Тилман, висок обвинител во Централната канцеларија за борба против екстремизмот и тероризмот (ЗЕТ) при Генералното обвинителство во Минхен, цитираше полициско сведочење дека возачот извикал „Алах Акбар“ по нападот.
За време на распитот, 24-годишниот маж, барател на азил, исто така признал дека намерно влетал со возилото во толпа луѓе.
Минхен: Авганистанец со возило влета во толпа луѓе – 20 повредени







