Иако мајката ги убедувала да не го сторат тоа бидејќи било срамота, лучајот пред два дена го пријавило едно од трите ќерки силувани од прилечанец.
По ова, Обвинителството отвори истрага против 36 годишен прилепчанец кој две години ги силувал неговите три малолетни ќерки, сите на возраст под 14 години.
Од таму, велат дека тоа се случувалло во периодот од 2021 до 2023 година во повеќе наврати, во домот на семејството.
Децата биле родени 2008, 2010 и 2014 година, а во периодот кога биле злоставувани немале наполнето ни 14 години.
Од обвинителството велат дека мајката со нејзиното делување допуштила децата жртви да живеат заедно со нивниот татко кој полово ги злоупотребувал и не презела никави мерки за нивна заштита.
Таткото е осомничен за силување на дете кое не наполнило 15 години и родосквернавење. Мајката е осомничена за запуштање и малтретирање на дете.
Побаран е притвор за двајцата родители…





