Маск сам на себе си ја продаде социјалната мрежа ‘Х’

 

Мултимилијардерот и газда „X“, Илон Маскја, ја продаде социјалната мрежа на друга негова компанија за вештачка интелигенција „хAI“, јавува Асошиетед прес.



Зделката за сите Х акции е вредна 33 милијарди. долари.

Во објавата на “X“, Маскмајави дека овој потег ќе отклучи огромен потенцијал со комбинирање на напредните способности и експертиза за вештачка интелигенција на xAI со огромниот потенцијал на мрежата „X“.

Тој истакна дека „xAI“ се проценува на 80 милијарди долари, а „X“ на 33 милијарди долари.

Маск, кој е извршен директор на Tesla и SpaceX и советник на претседателот Доналд Трамп, ја купи социјалната мрежа „X“ (поранешен Twitter) за 44 милијарди долари во 2022 година.
Тој го намали нејзиниот персонал и ги промени политиките за говор на омраза, дезинформации и проверка на корисниците и ја преименува во X.