Најмалку 50 лица загинаа, а повеќе од 200 беа ранети, иако дел од медиумите велат во прашање се 400 лица, кога вооружен напаѓач отвори огин на публиката на фестивал на кантри музика во Лас Вегас. За незапамтениот масакр се смета дека го сторил Стивен Педок кој најверојатно се самоубил во неговата соба. Сего се бара девојка по име Марила Денил за која постојат сомненија дека се наоѓала во друштво на лицето кое пукало и убивало. Медиумите пренесуваат дека нејзината лична карта била пронајдена покрај телото на Педок.

Шерифот на градската полиција на Лас Вегас, Џозеф Ломбардо, изјави дека напаѓачот бил сместен на 32 кат на казиното Мандалеј Беј, лоцирано на другата страна на улицата од местото на концерт којшто се одржувал на отворено. Првиот увид покажува како посетителите на настанот панично се обидуваат да најдат засолниште и се слушаат врисоци измешани со неколку рунди на истрели од автоматско оружје.
Ломбардо кажа напаѓачот е мртов и идентификуван. Во хотелската соба на 64-годишниот Стивен Падок биле најдени голем број парчиња оружје. Истрагата за него не е завршена, но полицијата верува дека бил сам и дека ќе биде претресен и неговиот дом. Властите исто така бараат жена којашто живеела со него, со цел да добијат повеќе информации и според Ломбардо таа е веќе лоцирана.





