Семејствата на жртвите од трагичниот пожар во Кочани најавуваат мирен протестен марш под наслов „Марш за ангелите“, што ќе се одржи утре низ улиците на градот. Нивната порака е јасна — нема да престанат да бараат правда додека не се открие целосната вистина за настанот што ги одзеде животите на нивните најблиски.
Според најавите, маршот ќе започне од Градскиот парк, а потоа ќе продолжи кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полициската станица на МВР и Основниот суд во градот.
„Семејствата ќе ја бараат правдата за нивните покојни деца се до последен здив и бараат брза и непристрасна истрага и судска постапка“ велат семејствата.

Тие бараат итна, непристрасна и транспарентна истрага, како и судска разрешница што ќе донесе одговорност за трагедијата. Истовремено нагласуваат дека маршот не е насочен кон поддршка на обезбедувањето, туку единствено е чин на почит кон починатите и глас за правда.
За утре во 12 и 5 минути на пладне протест во мвр Кочани најавиле семеејствата на загинатите и повредените во дискотеката „Пулс“ за да потсетат дека бараат брза и непристрасна истрага и судски процес. Овој протест како што пријавиле во кочанската полиција не е за уапсените обезбедувачи туку во името на шртвите во трагедијата.





