Мартенс: Мицкоски би бил будала да го смени Уставот за непостоечка перспектива

Германскиот новинар Михаел Мартенс, кој важи за добар познавач за процесите во Југоисточна Европа и процесот на евроинтеграција на земјите од овој дел на Европа смета дека Мицкоски може да се охрабри да ги отфрли условите на ЕУ.



„Идниот Премиер Мицкоски може само да се охрабри да ги отфрли условите на ЕУ и Бугарија за почеток на пристапните преговори. Би бил будала да и верува на ЕУ, Париз или Берлин и да го смени уставот на неговата земја за непостоечка „ЕУ-перспектива“, напиша Мартенс на социјалната мрежа Х.

https://x.com/Andric1961/status/1794094846539436264?t=21HCTZVZnovWFCK_14Vovw&s=19