Говорејќи пред новинарите, обвинителот од Марсеј, Николас Бесоне, рече дека тинејџерот бил убиен во средата, опишувајќи го случајот како „дивјаштво без преседан“.
Марсеј, вториот по големина град во Франција, но и еден од најсиромашните, е погоден од насилство поврзано со дрога.
Бесоне рече дека жртвите и сторителите на такво насилство стануваат сè помлади.
Градот во последниве години беше сведок на војна за контрола на високопрофитабилниот нарко пазар помеѓу различни кланови.
Вкупно 49 луѓе беа убиени во насилство поврзано со дрога во Марсеј во 2023 година.





