По Грција, ни Холандија не не сака во ЕУ

Холандскиот премиер Марк Руте имал измешани чувства во врска со плановите на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за иднината на ЕУ.



Јункер најави пресврт кон Западниот Балкан и кон политиката на проширување. За разлика од почетокот на својот мандат кога најави петгодишно ембарго за нови членки во ЕУ, Јункер минатата недела во говорот за состојбата во Унијата говореше за иднина на ЕУ со повеќе од 27 членки.

Јункер е романтичар, сите ние имаме свој сопствен стил, но јас не сум таков романтичар во политиката, вели Руте.

Тој, е сомничав околу охрабрувањето на балканските земји да се залагаат за евентуален прием во ЕУ.

Холандски весници пишуваат дека по минатогодишните избори во ЕУ, кога популистите (Герт Вилдерс и Марин Ле Пен н.з.) не добија мнозинство во Холандија и Франција, Јункер се надева на иднината на Европската унија. Јункер дури изјави дека ЕУ доби „нов ветер во едрата“.

Но, повикот на Јункер Бугарија и Романија наскоро да се вклучат во Шенген зоната, не му се допаѓа на Руте, кои вели дека имало прашања кои помалку му се допаѓаат.

Не е е време за тоа. Ние сме против тоа. Постои премногу загриженост во врска со пограничната контрола и корупцијата, рече холандскиот премиер.