Не е вообичаена практика таткото да отсуствува кога бебето доаѓа во свет, но основачот на Фејсбук рече дека ќе ја искористи можноста да земе „породилно отсуство“ и тоа на два дела. Месец дена сега, месец во декември.
„Ќе бидам сега еден месец со Присила, потоа ќе се вратам на работа, и повторно во декември ќе бидам со моето семејство“ вели еден од најбогатите луѓе на светот.
Двојката, која очекува ново девојче, веќе има ќерка која е родена во 2015. година.
„Ние во Фејсбук нудиме четири месеци породилно отсуство, бидејќи истражувањата покажуваат дека кога родителите се со своите семејства се посреќни, а тоа е добро и за компанијата“, вели Зукерберг.




