Популарниот американски актер Марк Валберг се надева дека „Бог ќе му прости за улогата во порно филмот „Буги ноќи“ од 1997 година“.



46 годишниот Валберг често зборува за неговата католичка вера и беше домаќин на приемот во чест на папата Френсис за време на неговата посета на САД во 2015 година. Тогаш на шега побара помилување за филмот „Тед“ од папата. Марк често изјавува дека во минатото направил „некои лоши избори“ во филмската индустрија.