Марин Ле Пен може да заврши зад решетки!?

Обвинител од Париз побарал петгодишна затворска казна и петгодишна забрана од јавна функција за лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, во судскиот процес во кој таа и уште 24 други се обвинети за проневера на средства на ЕУ, јавуваат агенциите.



Судењето, кое доаѓа речиси една деценија по почетокот на првичните истраги, ги загрозува напорите на нејзината партија Национален собир да го подобри својот имиџ пред претседателските избори во 2027 година.

Парискиот обвинител вчера побара парична казна од 300.000 евра, пет години затвор и забрана за вршење јавна функција против Ле Пен.

Забраната за кандидирање за јавни функции ќе стапи во сила веднаш. Доколку судот ја прогласи за виновна за обвиненијата, Ле Пен нема да може да учествува на изборите дури и ако поднесе жалба на пресудата.

Судењето трае до 27 ноември, но пресудата најверојатно ќе биде објавена на почетокот на 2025 година.

Ле Пен, нејзината партија и 24 други луѓе – партиски функционери, вработени, поранешни пратеници и парламентарни асистенти – се обвинети дека користеле пари од Европскиот парламент за да ги платат вработените во Франција кои работеле за нивната партија, која во тоа време се нарекуваше Национален фронт.

Националниот собир, како и другите екстремно десничарски партии низ целиот континент, напредува по силните резултати на европските избори во јуни.

Ле Пен на судењето, од обвинителната клупа, прокоментирала дека забраната „ќе им забрани на обвинетите да се кандидираат на идните локални или национални избори“.

Обвинителот побара казна затвор од пет години за Ле Пен, повикувајќи најмалку две години од тоа да биде „конвертибилна“ затворска казна, што значи дека ќе има можност за делумно ослободување.

„Мислам дека желбата на обвинителот е да им ја одземе можноста на Французите да гласаат за кого сакаат“, рече Ле Пен подоцна.