По лососот во сабота викендот го продолжуваме со морската храна, па неделен ручек ви предлагаме маринирани школки. Значи одново нешто лесно сварливо, идеално за жештината.
Состојки:
-2.4 кг школки
-2 чешниња лук
-1 кромид
-20 гр магданос
-1 ловоров лист
-малку мајчина душица
-500 мл бело вино
-45 гр путер

Подготовка:
Измијте ги школките. Отстранете ги влакненцата со кои секоја школка е поврзана со својата куќичка. Засечете ги во основата со мало ноже.
Измешајте ги кромидот, лукот, магдоносот, ловоровиот лист, мајчината душица, виното и 2 големи лажици путер. Ставете на шпорет и варете до вриење. Намалете го огнот и гответе уште 2 минути. Додадете ги школките и покријте го садот.
Варете уште 3-4 минути, односно додека школките не се отворат убаво. Внимавајте да не ги преварите. Остранете ги школките од сосот.
Исцедете ја течноста. Додадете го преостанатиот путер и магданос во садот и варете додека не се стопи путерот. На крај, сосот прелијте го преку школките.





