Гоџи бобинките, уште познати и како волчји бобинки, со векови наназад биле вреднувани за нивните кулинарски и лековити својства во земјите од далечниот исток. Иако во западните земји се појавија пред само неколку години, нивната употреба зема се поголем замав токму поради нивниот високонутритивен карактер.
Единствени меѓу овошјето што ги содржат сите есенцијални амино киселини, гоџи бобинките имаат и најголема концентрираност на протеини од било кое овошје.
Овие неверојатни супер-овошки исто така содржат и природни антивоспалителни, антибактериски и антигабични соединенија. Нивните моќни антиоксидантни својства и полисахаридите помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем, па според тоа не е ни чудно што во традиционалната кинеска медицина тие се познати по зголемување на енергијата и долговечноста.

Гоџи бобинките помагаат во борбата со хроничните заболувања, бидејќи имаат огромна способност за уништување на слободните радикали кои го нарушуваат општото здравје.
Гоџи бобинките немаат долг век на траење во свежа форма, па затоа се продаваат сушени. Може да се конзумираат како што се, посебно или во микс со друго суво овошје, јатки и семки, или пак да се додадат во сокови, мусли и овесна каша, колачи, торти и слично.





