Новата претседателка, со својата постапка, да не го каже новото уставно име на државата, туку само „Македонија“, ги скршила „стаклените нозе на Преспанскиот договор“, оценува универзитетскиот профсор и екс-министер за надворешни, Денко Малески во колумна за порталот „Либертас“



Тоа беше момент на пркос против неправдата која, согласно меѓународното право, ѝ е нанесена на една држава која под притисок на друга мораше да го смени уставното име.

Кажано од позиција претседател, тоа беше и повик до граѓаните и до вработените во државната администрација, да го следат нејзиниот пример“, вели Малески..

„Но, со одбивањето да ги изусти целосните зборови на заклетвата кои беа кажани од претседателот на Собранието и одбивањето да го користи уставното име на земјава, според Малески, таа ѝ објави војна на Грција, кршејќи ги стаклените нозе на Преспанскиот договор со најважната точка за јужниот сосед – именувањето на нашата држава“, вели Малески.

Следи грчка реакција која, како и секогаш, најдиректно граѓаните ќе ја почувствуваат на граничните премини, а владата во влошените меѓудржавни односи со Грција“, вели Малески.