Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја започнува тридневната државна посета, во ситуација кога двете најголеми сили на Европската унија се обидуваат да покажат единство пред парламентарните избори на ЕУ следниот месец, објави Ројтерс.
Патувањето на Макрон во главниот град Берлин, Дрезден на исток и Минстер на запад е прва државна посета на францускиот претседател на Германија во последните 24 години.
Посетата треба да биде тест за германско-француските односи во време на големи предизвици за Европа – од војната во Украина до можниот избор на Доналд Трамп за претседател на САД во ноември.
„Постојат тензии во германско-француските односи, но делумно токму поради тоа што се занимаваа со некои тешки теми“, рече Јан Вернерт од Институтот Жак Делор во Берлин, истакнувајќи дека двете земји исто така ги приближиле ставовите околу потребата од проширување на ЕУ кон исток.





