Во Македонија во последните пет години лебот поскапел за 65 отсто, што е едно од наголемите поскапувања на овој производ меѓу европските земји. Како што покажуваат податоците на Евростат тоа е третото најголемо поскапување на лебот во изминатите пет години.
Според податоците на „Eвростат“ ние сме на врвот од зголемувањето на цената на овој основен прехранбен производ во Европа. Тоа е третото најголемо поскапување на лебот споредено со другите евроспски земји во изминатите пет години. Пред нас се само Унгарија, каде лебот во тој период поскапел за 113 отсто и Полска со пораст од 75 отсто.

Големо поскапување на лебот има и во Словачка од 62 отсто и во Хрватска од 58 отсто. Во Бугарија за пет години цената на лебот се зголемила за 54 отсто, а во Србија за 39 отсто.
Најмала промена на цената има во Швајцарија, само за 8 отсто, во Финска за 17 отсто, а во Франција и во Шведска за 20 отсто.





