Македонците не сакаат договор со Софија а на Заев му треба голем резултат

Долгогодишниот дописник на бугарските медиуми од Скопје Костадин Филипов смета дека политичката, медиумската и социјалната атмосфера во Македонија и Бугарија не е доволно добра за да гарантира транспарентност околу договорот за добрососедство.



Во интервју за бугарските медиуми Филипов смета дека сите проблеми во договорот за пријателство можат да се надминат иако не знае дали се технички или политички затоа што содржината на договорот се крие од јавноста.

„Од аспект на Македонската стратешка позиција за да се тргне напред кон членство во ЕУ и НАТО која што ја објави Заев договорот ќе биде корисен. Од аспект на внатрешната ситауција ќе има проблем и ќе биде потребна силна волја, политичко знаење и трпение за да се надмине внатрешниот отпор во Македонија“, смета новинарот според кого на премиерот Заев му е потребен брз и голем резултат како членство во НАТО и ЕУ и затоа му е потребна поддршката од Бугарија.