Седмото издание на регионалната машка ракометна лига која ги обединува екипите од Балканот и источна Европа ќе биде отворено со дуелот на нашите претставници, Металург и Вардар. Тоа треба да се случи во Автокоманда на 29. или 30. август.



Всушност ова се должи на желбата за запазување на регуларноста и затоа екипите од иста држава, а такви случаи сезонава има 4 (Загреб-Нексе, Војводина-Динамо Панчево и Горење-Целје) ќе играат меѓу себе веќе на самиот старт.

Инаку завршниот турнир на седмото издание на регионалналната ракометна лига ќе се одржи од 4 до 6 мај следната година. Челниците на СЕХА се решија за промена на терминот поради неделата на ЕХФ и 1/4 финалето во Лигата на шампионите, па наместо стандардно, натпреварувањето да заврши во април, оваа сезона ќе се игра на почетокот на мај.