Македонски генијалци од утре ќе се борат за злато на олимпијада за роботика

Два македонски тома составени од исклучително талентирани ученици од утре на грчкиот остров Крит ќе се борат за злато на олимпијада за роботика.



Македонија на настанот ,,MINOAN ROBOTSPORTS COMPETITION GLOBAL OLYMPIAD” е претставувана од СТЕМ академија со 7 деца распоредени во три тима кои се водени од два тренери/коучи.

Имињата на македонските тимови се SPACE WALKERS, SPACE WALKERS JR и SPACE WALKERS GIRLS.

Македонските претставници учествуваат во најтешката дисциплина ,,Пентатлон арена”.

Тимовите се состојат од учениците Марко Ангелов, Стефан Марковски, Павел Попосли, Андреј Крстев, Јаков Петков, Анастасија Дудеска и Неда Бошковска.

Ментори на тимовите се Александра Митревска и Жарко Поп Илиев.

Спортските категории во кои настапуваат македонските учесници бараат големо знаење на раб на генијалност, познавање на инженерство, кодирање, стратегија и тимска работа.

За секој спорт основаа област не постои единствено правилно или совршено решение, туку неопределени начини на пристап до дадената задача, за да се постигне најдобар резултат.

Предизвиците се кратки, но повеќедимензионални, дизајнирани да им дадат можност на учесниците да се надминат себеси, не само за време на процесот на подготовка, туку и за време на вистинските битки!

Натпреварот има за цел кај учениците да предизвикаат негување на креативност, тимска работа, решавање проблеми, генијалност, здрава конкуренција, а во исто време да се изучува преку спортска роботика, инженерство, програмирање, математика, физика.

Секој тим може да учествува во спортови колку што сака, секогаш следејќи ги правилата на секој спорт.

Лани во конкуренција на 1450 тимови, од 36 земји, тимовите на СТЕМ Академија, Скопје Space Walkers и Space Walkers Jr. беа апсолутни победници, освојувајќи ги прво и второ место во престижната категорија „Пентатлон арена“.

Тимот Space Walkers се истакна со освојување на најголемиот број на поени меѓу сите тимови учесници, покажувајќи квалитет во тимската работа, кои создадоа робот со исклучителни можности и одличен дизајн.

Тимот на Space Walkers Jr лани освои второ место во истата категорија, но доби и награда за Иновативен проект. Нивната презентација е препознаена како најдобра, со што се издвои врeедоста на СТЕМ Академија, Скопје во поттикнување на креативноста и развој на комуникациските вештини кај своите студенти.

Лани победија на глобална роботска олимпијада а сега со хуманитарна забава ќе се обидат да ја бранат титулата