Македонските спортисти продефилираа на свеченото отворање на ОИ во Париз

На необичното свечено отворање на 33. Летни олимписки игри во Париз, со „дефиле“ со бродови по реката Сена наместо на стадион, меѓу над 10.000 спортисти од повеќе од 200 држави се претставија и шестемина репрезентативци на Македонија.



Македонското знаме заедно го носеа таеквондистката Милијана Рељиќ и атлетичарот Дарио Ивановска, а на спортските борилишта боите на Македонија ќе ги бранат и борачот Владимир Егоров, пливачот Никола Ѓуретановиќ, стрелачката Анастасија Мојсовска и џудистот Еди Шерифовски.

Покрај спортистите, Македонија на ЛОИ ќе ја претставуваат и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов во ракомет, Иван Михајловски во триатлон и Анета Павловска во тенис.