Македонската пливачка репрезентација настапува на Европското првенство до 23 години во Словачка

Националната пливачка репрезентација на Македонија ќе учествува на Европското првенство за пливачи до 23 години, што ќе се одржи од 26 до 28 јуни 2025 година во Шаморин, Словачка.



Ова престижно натпреварување, организирано од Европската пливачка федерација (EA), обединува врвни пливачи од целиот континент и претставува важен сегмент во развојот на идните сениорски репрезентативци.

Македонија ќе ја претставуваат четворица перспективни пливачи: Ева Петровска – 400 метри слободно, Јана Милковска – 800 метри слободно, Миа Блажевска Еминова – 50 метри грбно, 50 метри делфин и 100 метри слободно и Јован Јанковски – 50 и 100 метри слободно Репрезентацијата ја предводи стручниот тим во состав:
 Горан Стаменов, Мартин Стефановски и Илија Стојановски.

– Македонската делегација веќе пристигна во Шаморин и е подготвена за предизвиците на европската сцена. Очекуваме силни настапи, нови лични рекорди и гордо претставување на нашата земја. Националната пливачка федерација упатува искрена благодарност до Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија за поддршката при реализацијата на овој настап, како и за нивната континуирана заложба за развој на спортот во државата, стои во соопштението на 
Национална пливачка федерација на Македонија.