Македонската пливачка репрезентација на КОМЕН КУП 2025 во Белград

Македонските репрезентативци во пливање ќе настапат на престижниот Комен Куп 2025, кој оваа година ќе се одржи од 20 до 22 јуни во Белград, Србија. Овој натпревар е еден од најзначајните меѓународни собири за млади пливачи од медитеранскиот регион и претставува клучна проверка за идните спортски надежи.



Нашиот национален тим ќе биде претставен од талентирани пливачи кои со својата посветеност и напорни подготовки го заслужија правото да го носат државното знаме на овој елитен настан.


Нашите претставници:
 Калина Трпчевска (100,200, 400м слободно) Георгина Ставреска (400,800м слободно) Калина Димитровска (200,400,800 слободно) Неда Миленковска (100м сободно , 100 и 200м делфин) Никола Велковски (100, 400м слободно, 200 мешано) Андреј Калкус (200, 400м слободно) Давид Јовановски (400м слободно, 100м грбно) Леонел Илиев (200, 400м мешно) како и тренерите Јане Карајованов, Иван Банов и Бошко Томовски имаат јасна цел: достојно претставување, нови лични рекорди и зголемување на меѓународното искуство.

Оттаму искажувааат посебна благодарност до Министерството за спорт и до Сојузот на спортски федерации на Македонија за нивната поддршка, која овозможи учество на нашата репрезентација и достоинствено претставување на меѓународната сцена.