Македонка политичарка во Словенија е прогласена за најглупа откако еден од најважните соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск го прогласи за фашист.
Екс словенечкиот премиер Јанез Јанша ја прогласи екс словенечката министерка за дигитална трансформација Ема Стојменова Дух која има македонско потекло за најглупа во Љубљана.
Јанша се кае што Стојменова Дух која во 1985 година е родена во Виница, била примена како имигрант во Словенија.
,,Па, вие сте официјално еден од најглупавите луѓе во градот. Никогаш не требаше да те прифатиме во Словенија”, напиша Јанша за словенечката левичарка по потекло од Македонија.
Стојменова Дух го прогласи Илон Маск за фашист откако тој на инаугурацијата на Трамп го употреби староримскиот поздрав со кој раката ја движеше од срцето кон небото.
На ист начин преходно поздравуваше и францускиот претседател Макрон но Стојменова Дух не напиша за него дека е фашист.
Најчитани статии
Продолжува пресметката со поддржувачите на мафијата во полициските структури
Приведени двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна
Можно ли е чудо
Македонка политичарка во Словенија прогласена за најглупа откако Илон Маск го прогласи за фашист






