– Со предложената Програма се предлага да се изврши дополнување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2021 – 2025 година со што се овозможува оризот да се опфати како производ од исклучително значење за населението и се создаваат услови за негово чување како стоковни резерви во вид на оризова арпа се наведува во законското решение доставено во Собранието.
Меѓу другото исто така се укажува дека со дополнувањето на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2021 – 2025 година, се предлага да се утврди количината на ориз која ќе се чува како стоковни резерви во вид на оризова арпа, изразено во денови на потрошувачка.
Во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство констатирано е дека годишните потреби за ориз во Македонија изнесуваат 8.000 тони. Доколку во стоковните резерви се складира количина за обезбедување на 60 дневна потрошувачка, тоа би значело дека е потребно да се обезбедат околу 1.300 тони ориз во стоковните резерви или околу 2.400 тони оризова арпа за што се потребни околу 100 милиони денари е посочено во Законското решение кое веќе е пред пратениците. Заради полесно чување и одржување, оризот ќе се чува во вид на оризова арпа. Како ориз може да се чува максимум 2 проценти од вкупната количина на оризова арпа во стоковните резерви– стои во законот.И министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски неодамна посочи дека намерата оризовата арпа да се вметне во стоковите резерви останува.
;Многу скоро ќе биде објавен повик за набавка на 3.000 тони оризова арпа. Во делот на набавката на стоковите резерви, како држава размислуваме да се направи одредена измена, но кога ќе биде согледано кое е најдоброто решение. Важно е стоковите резерви да се полнат со македонски производи – укажа Трипуновски.
Извор:https://faktor.mk/padna-odluka-makedonija-kje-skladira-oriz-vreden-100-milioni-denari–eve-shto-nosi-predlogot-vo-sobranieto–





