Македонија средно строга спрема проститутките на Балканот

Според висината на казните за „продажба“ на сексуални услуги, Македонија се наоѓа некаде на средината во однос на земјите од регионот на Југоисточна Европа.



Со казна од околу 800 евра, Македонија построго ја санкционира проституцијата во споредба со Хрватска (110 евра) и со Србија (330 евра или 60 дена затвор), но е многу помека од Албанија (парична казна или три години затвор) и од Црна Гора (1.000 евра или 30 дена затвор).

Од западноевропските земји најнемилосрдна е Франција со казна од 3.500 евра за повторување на делото. Во споредба со неа смешно изгледаат паричните глоби во Украина (осум евра), во Русија (30) и во Молдавија (40).