Според државниот завод за статистика во вториот квартал од годинава (април – јуни) во Македонија се родени 7,2 % помалку бебиња отколку во истиот период лани. Вкупниот број новородени деца во овој период бил 5205, се вели во извештајот на заводот за статистика.
Кај браковите работата е малку пооптимистичка па така во вториот квартал од годинава забележан е пораст на нови бракови за 7,8 % односно 3447 во апсолутни бројки.
Најдраматична е состојбата со разводите каде е забележано двојно зголемување на прекин на бракови каде што има речиси двојно повеќе од лани. Вкупно 436 бракови прекинале формално во вториот квартал од оваа година.
Во истиот период според истиот извор починати се 4544 луѓе или 6,1 % помалку од бројот на починатите лани меѓу април и јуни.





