Македонија меѓу само осумте земји во Европа со повеќе мажи од жени

Македонија е една од ретките земји во Европа, само осум од вкупно 51, во кои има повеќе мажи отколку жени, покажуваат податоците на Генералниот директорат на Европска комисија за статистика (Евростат).



На секои 100 мажи во Македонија доаѓаат 99,6 жени.

Најизразен недостиг на женска популација во однос на машката има во Албанија, каде што на 100 мажи доаѓаат само 97,5 жени. Помалку жени од мажи има само уште во Норвешка (98,6 жени на 100 мажи), во Исланд (98,8), во Луксембург (99,3), во Турција (99,3), во Малта (99,7) и во Шведска (99,8).

Од друга страна, најголем процент на жени има во Летонија, каде што на 100 мажи доаѓаат 117,7 жени. Следуваат Литванија (117,2), Украина (116), Естонија (114,4), Белорусија (114,9), Португалија (111) и Ерменија 109,8. Тука спаѓа и Русија, з акоја нема податоци за 2016 година, а последните за 2014 покажаа дека на 100 Руси доаѓаат 115,9 Русинки.