Македонија и Бугарија со ист просечен коефициент на интелигенција?!

Граѓаните на Македонија и на Бугарија имаат ист просечен коефициент на интелигенција од 97,91, според најновото рангирање на International IQ Test од 1 јануари 2025 година, кое Бугарите ги позиционира на 57. место во светот, а Македонците место подолу меѓу 127 земји.



Идентичниот тест од Бугарија го решавале 5.051 посетител на вебстраницата, кои оствариле понизок просечен коефициент за 3,8 од претходната година, кога изнесувал 101,71 од направени 1.758 тестирања.

Од Македонија, пак, 627 тестирани забележале пад од 0,92 поени во однос на годината пред тоа, кога просекот од 492 теста бил 98,83.

Од земјите од опкружувањето највисоко котира Словенија на 13. место со просечен коефициент на интелигенција 102,19, Србија е 18. со 101,03, Грција 24. со 100,31, Хрватска 43. со 99,42, Црна Гора 48. со 98,97, а зад Македонија се Босна и Херцеговина на 59. место со просек 97,89 и Албанија на 62. со 97,54.

Кина е водечка со просечен коеифицент на интелигенција 107,43, пред Иран со 106,63, трета е Јужна Кореја со 106,57, а во топ-10 се уште Јапонија со 106,54, Сингапур со 105,25, Русија со 103,31, Монголија со 103,13, Австралија со 102,67, Ерменија со 102,64 и Шпанија со 102,37.