Македонија има премиер гинисов рекордер, во ОН урнати сите закони на физиката (видео)

Македонскиот премиер Зоран Заев кој е во посета на САД каде што во Њујорк учествува на Генералното собрание на Обединетите Нации постигна светски рекорд во најбрзо зборење кој што може да се квалификува за Гинисовата книга на реордите.



Според неговата објава на Фејсбук премиерот за неколку десетинки од секундата на американскиот претседател Доналд Трамп му искажал поддршка за неговите планови да се реформира светската организација и посакал нивни успешен почеток.

Ако се земе предвид дека за вакви сложени теми како реформи на ОН и американска иницијатива за декларација преку која ќе се поддржи генералниот скретар Гутиереш се потребни најмалку триесетина зборови излегува дека премиерот Заев кој со Трам се ракуваше половина секунда може за цела секунда да изговори речиси 60 зборови.

„Во Њујорк сум за Генералното Собрание на ОН. На средбата со претседателот Доналд Трамп  предмалку изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен старт на реформите на организацијата на ОН“, напиша Заев на Фејсбук каде што тој зборува за „Средба“ со најмоќниот човек во светската политика.

„Средбата“ за која зборува Заев а која што според видеото објавено од светските медиуми трае доволно за евентуално „здраво“ , ја овековечил министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Според видеото премиерот Заев чека во ред да се поздрави со Трамп а американскиот претседател веднаш по ракувањето кое што трае премногу кратко за била каква сериозна комуникација веднаш продолжува со ракување со други гости.

За лажните информации од премиерскиот кабинет дека во Њујорк дошло до средба меѓу Заев и Трамп отворено критикуваат и отворените поддржувачи на владата според кои граѓаните не заслужуваат да бидат вака безочно лажени со надеж дека нема да се открие лагата.

Видеото со кое се разоткрива лагата на премиерот Заев е објавено од страна на кинеската државна агениција Ксингхуа.

Пред неколку години претседателот Иванов беше критикуван од дел од јавноста откако во изјава за македонските медиуми откри дека си намигнал на заеднички настан со американскиот претседател Обама .

Што точно се случило во Њујорк вчера најдобро се гледа во видеото од настанот кој ни беше прикажан како средба.