Македонија е петти најголем донатор на оружје во Украина според процент на БДП

Турбопроп авион Антонов 12Б од украинско (советско) производство, кој првиот лет го имал пред речиси 60 години, слетува скоро секој ден ма скопскиот аеродром пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК Изминативе две и пол години, од почетокот на руската инвазија на Украина, авионот се користи за транспорт на оружје за потребите на украинската армија. .



Негови најчести дестинација се Лајпциг во Германија и полскиот аеродром во Жешов, каде што стигнува воената помош и оттаму по копнен пат се транспортира во Украина.

САКАМДАКАЖАМ.МК поставиле прашање до Министерството за одбрана околу тоа какво оружје испраќа Македонија во Украина.

Досега, македонската Влада има донесено 14 одлуки за воена и хуманитарна помош на Украина, а дополнително на армискиот полигон Криволак беше реализирана и обука за украински војници.

Од Министерството за одбрана велат дека со оглед на вредноста на средствата кои се донирани, Македонија е петта земја донатор за Украина, според процентот на БДП на сите земји донатори.

Оттаму додаваат дека издвоените средства не се во употреба во македонската армија и нивното отуѓување не претставува ризик за намалување на борбената готовност. За координација на помошта со НАТО сојузниците, македонската армија од август 2023 година има свој постојан претставник во Меѓународниот координативен центар за поддршка на Украина лоциран во Визбаден, Германија.

Од Министерството за одбрана го откриваат видот на донираната опрема, но количината е класифициран податок. Донирани се автоматски пушки, ракетни системи, мини, ракетни фрлачи, тенкови Т-72, авиони Су-25, рачни бомби и разни видови муниција.

Извор: https://sdk.mk/index.php/naslovna/ukrainski-transporten-avion-sekoj-den-sletuva-vo-skopje-makedonija-e-petti-najgolem-donator-na-oruzhje-vo-ukraina-spored-protsent-na-bdp/